Изгубил живот при сеча на дрва

Педесетгодишен сечач на дрва од Берово денеска околу пладне го изгубил животот додека со пријателите сечеле дрва во шума над беровското село Владимирово.
– Несреќата се случила пред 12 часот, кога дрво бука паднало врз Д.М. роден 1967 година, при што лицето се здобило со тешки телесни повреди и веднаш со возило на пријателите е транспортирано за Берово, а во меѓувреме е повикана и екипа на Итна медицинска служба која ги пресретнала по патот, а дежурниот лекар при извршениот преглед констатирал смрт на тешко повредениот сечач, рече Гордана Панајотова, портпарол на СВР Штип.
Таа истакна дека надлежните истражни органи попладнево се на лице место и вршат увид, но според првичните индиции, станува збор за несреќен случај.
Инаку, несреќниот сечач бил оженет и татко на три деца.

http://www.press24.mk/mazh-od-berovo-pochina-vo-bizarna-nesrekja

Posted in Несреќи при работа.