Камион паднал во бездна кај Трница, повреден возачот

Едно лице поминало со телесни повреди откако, камион излетал од коловозот на магистралниот патен правец Маврови Анови-Дебар, кај месноста Трница. Според првичните сознанија на полицијата, несреќата се случила утрово околу 10 часот, додека шлеперот со српски регистерски ознаки се движел кон Дебар.

Од се уште непознати причини, возачот загубил контрола и со камионот пропаднал во бездна покрај патот длабока педесетина метри. Возачот набрзо излегол од кабината и од случаен минувач со возило бил пренесен во гостиварската болница, каде му се санирани повредите.
Во моментов, екипа на СВР Тетово врши увид на местото на настанот за да се утврдат причините кои довеле до несреќата.

http://www.libertas.mk/kamion-padnal-vo-bezdna-kaj-trnitsa-utrovo-povreden-vozachot/

Posted in Несреќи при работа.