Скопјанец тешко повреден во својот локал, паднал во отвор

Г.П.(46) од Скопје при пад од висина се здобил со тешка телесна повреда-пукнат череп, констатирана од страна на лекар во Ургентен центар.

Несреќата се случила вчера наутро во Скопје на ул.“Пиринска“.

Имено на Г.П. при вршење увид на градежните работи на локал кој го купил пред извесно време, не забележал отвор на подот кој бил предвиден за скали и паднал од приземјето во подумските простории од висина од околу два метри.

Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар за укажување на лекарска помош и истиот бил задржан за понатамошно лекување.

Извор: http://kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanets-teshko-povreden-vo-svojot-lokal-padnal-vo-otvor/

Posted in Несреќи при работа.