Повреден возач на трактор откако паднал од 30 метри

Вчера околу 18.30 часот Итната медицинска помош пријавила дека околу четири часа претходно над манастирот во селото Виниче, скопско, на местото викако Стајков вир, М.П. (52) од Стајковци, управувајќи трактор ИМТ изгубил контрола и паднал во дупка длабока 30 метри, а потоа удрил во дрво и се здобил со тешки телесни повреди, односно фратура на рбетниот столб.
Бил пренесен во животна опасност во Ургентниот центар Скопје, каде е задржан на лекување. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

Извор: http://newsroom.mk/povreden-vozach-na-traktor-otkako-padnal-od-30-metri/

Visits: 76

Posted in Несреќи при работа.