Тројца провредени при инцидент во главниот објект на Македонски пошти во Тетово

Три лица се повредени од искршено стакло и со нож при денешниот инцидент што околу 13 часот се сомничи дека го предизвикал Н.Ќ.(57) во и надвор од главниот објект на Македонски пошти во центарот на Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите првични податоци, тој внатре во поштата најпрвин го нарушил јавниот ред и мир и го скршил стаклото од еден од шалтерите. Од парчињата со повреди се здобила вработената шалтерска работничка Ф.А.(31) од Мала Речица, а кога контролорот С.И.(53) од Камењане дошол да види што се случува осомничениот Н.Ќ. го нападнал со нож и избегал од поштата.
– Тој влегол во блиско такси возило и побарал од таксистот Х.М.(60) да го однесе до определено место, но откако одбил да го стори тоа Н.Ќ и нему со нож му нанел две убодни рани на левата и расекотина на десната рака по што почнал да бега во правец на Центарот за култура Иљо Антески Смок што се наоѓа во близина на поштата. Меѓутоа, тој многу брзо бил стигнат и фатен од страна на полицајци по што во консултација со јавен обвинител тој бил задржан за целосно расчистување на случајот, рече Јосифовски.

http://vesti.mk/read/news/14326037/4942084/trojca-provreden-pri-incident-vo-glavniot-objekt-na-makedonski-poshti-vo-tetovo

Visits: 75

Posted in Несреќи при работа.