Тракторист загина во несреќен случај при работа на нива

Шеесет и деветгодишниот Ј.П. жител на село Живојно, општина Новаци, во саботата загинал во несреќен случај при вршење земјоделски работи со трактор.
Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 14 октомври во 15:15 часот во ПО-Новаци.
– До несреќниот случај дошло кога Ј.П. при вршење земјоделски работи со трактор „Тафе 42“, на кој била приклучена сеалка, во еден момент се симнал од тракторот со цел да изврши дотур на семенски материјал, но поради стрмен терен тракторот почнал сам да се движи. Ј.П. се обидел да го сопре, но не успеал, по што паднал и најверојатно тркалото од тракторот или сеалката поминало врз него, стои во полицискиот билтен.
Ј.П. во свесна состојба преку мобилен телефон повикал помош, по што бил однесен во Клиничка болница Битола, каде му се констатирани тешки телесни повреди. Вечерта во 21:45 часот тој им подлегнал на повреди.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Извор: http://www.slobodenpecat.mk/hronika/traktorist-zagina-vo-nesreken-sluchaj-pri-rabota-na-niva/

Posted in Несреќи при работа.