Тешко повреден дрвосечач од гостиварско Ново Село

А.Т. (30) од гостиварско Ново Село вчера бил пренесен на скопските клиники во тешка здравствена состојба, откако се повредил при сеча на дрва.

СВР Тетово информира дека А.Т. бил згрижен во ургентното одделение во гостиварската општа болница со повреди на главата и лицето и во бесвесна состојба. Како итен случај со фрактури на черепот и во животно загрозувачка состојба е префрлен на скопските клиники.

Според изјавата на неговиот татко, А.Т. се повредил додека сечел дрво со моторна пила, во месноста Студена Вода, покрај регионалниот пат Маврови Анови – Гостивар.
Првичните сознанија велат дека станува збор за несреќен случај при работа.
Од почетокот на годината, во гостиварскиот регион се регистрирани седум случаи на повредувања при работа од кои пет со потешки повреди. Најчеста причина била невниманието.

Извор: http://www.libertas.mk/teshko-povreden-drvosechach-od-gostivar/

Visits: 73

Posted in Несреќи при работа.