Несреќа во Македонија-работници итно пренесени во болница

При изведување на градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, вчера околу 12:30 часот кај местото „Лавчани“,  53-годишниот М.А. од Дебар и 57-годишниот В.Љ. работници од село Могорче, дебарско, биле удрени од црево кое било под дејство на компромиран воздух. Тие  биле пренесени во Медицински центар Кичево каде им била укажана лекарска помош. Кај лицето М.А. биле констатирани тешки телесни повреди на главата, по што бил препратен во Ургентен центар Скопје, а кај В.Љ. биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево.Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

http://maxim.mk/nesrekja-vo-makedonija-rabotnici-itno-preneseni-vo-bolnica?quicktabs_popularna_sodrzina=1

Posted in Несреќи при работа.