Тешко повреден работник додека сечел дрва

Додека сечел дрва со тешки телесни повреди се здобил 30 годишен жител од гостиварско Ново Село.

Несреќата се случила во месноста Студена Вода, покрај регионалниот пат Гостивар -Маврови Анови. Повредениот бил донесен во гсотиварската болница, но поради сериозните повреди  во главата е префрлен на скопските клиники.

-Повредениот претходно сечел дрва, со моторна пила. Дел од дрвото се скршило и паднало врз него. Го пронашол неговиот татко кој бил во близина по што бил однесен во болницата во Гостивар. Од таму, по укажаната лекарска помош, поради сериозноста на здобиените повреди, во бессознание префрлен е и задржан на скопските клиники, изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Статистиката на полицијата покажува дека од почетокот на годината досега во поширокиот гостиварски регион имало седум случаи на повредувања при работа, најчесто поради невнимание. Петмина од нив се здобиле со потешки а две лица.

http://forward.daily.mk/hronika/teshko-povreden-rabotnik-dodeka-sechel-drva

Visits: 64

Posted in Несреќи при работа.