Несреќа во Виница: Синот почина на лице место, таткото едвај се спаси

Несреќа во Виница: Синот почина на лице место, таткото едвај се спаси

 Околу 18 часот синоќа во Полициска станица -Виница, пријавен  е несреќен случај на местото „Лисичка“ во атар на селото Градец.

25-годишниот И.Г. од селото Градец, управувајќи трактор „Фергусон“ со приколка натоварена со дрва излетал од шумскиот пат и од здобиените повреди починал на лице место.

На тракторот бил качен и неговиот татко, 54-годишниот Д.Г. кој се здобил со телесни повреди и со возило на итна медицинска помоше бил пренесен во Клиничка болница -Штип.

Увид на лице извршила екипа на Полициска станица Виница.

Извор: http://www.press24.mk/nesrekja-vo-vinica-sinot-pochina-na-lice-mesto-tatkoto-edvaj-se-spasi

Posted in Несреќи при работа.