Работник починал на лице место

Работник починал на лице место

Околу 08 часот и 50 минути било пријавено дека на улицата „Гевгелиски партизански одреди“ во Гевгелија, при изведување на градежни работи, починал маж.

Полицијата информира дека се работи за 61-годишниот С.А. од Гевгелија кој паднал од  голема висина при што од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Смрт без траги на насилство била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител телото било пренесено во Институтот за судска медицина Скопје за обдукција.

Извор: http://www.press24.mk/tragedija-vo-makedonija-rabotnik-pochinal-na-lice-mesto

Visits: 78

Posted in Несреќи при работа.