Повреден полицаец

Еден полициски службеник од шумската полиција е полесно повреден откако во инцидент кој се случил во с.Тополница –  Радовиш, поради трактор натоварен со дрва, незадоволните селани замавнале со тврд предмет по него.

Вчера во 16,50 часот било пријавено дека во с.Тополница–Радовиш кај прочистителната станица на браната на рудникот Бучим, полициски службеници од шумската полиција во Радовиш пронашле трактор со приколка на која имало натоварено 2м/3 дабови дрва, поради што полициските службеници  побарале да излезат на местото на настанот, со цел безбедно да го пренесат тракторот со дрва до Јавното претпријатие“-Македонски шуми“-Радовиш.

На наведеното место се собрале околу 40 жители од селото кои не дозволувале да се одземе тракторот, при што истите станале агресивни и во еден момент едно од лицата замавнало со тврд предмет кон полициските службеници, удирајќи го едниот од нив во пределот на главата.

Со службено возило полицискиот службеник бил пренесен во Здравствен дом во Радовиш каде му била укажана лекарска помош. По целосното расчистување на случајот, од страна на ПС-Радовиш ќе биде поднесен соодветен поднесок./а

Posted in Несреќи при работа.