10 повредени ученици и шоферите на комбе и автобус

Наместо во училишните клупи, десет ученици од ОУ Гоце Делчев од Демир Хисар денес завршија во Клиничката болница во Битола по судирот на автобусот со кој се превезувале и комбе. До несреќата дошло околу 07:30 часот, кога автобусот со битолски регистарски таблички, управуван од 56-годишниот крушевчанец С.С. се судрил со комбе, исто така, со битолски ознаки, управувано од З.С., 49 години од село Единаковци, демирхисарско. Неофицијално, причина за незгодата е намалената видливост и неприлагодената брзина на условите на патот

Во несреќата, десет од триесетте ученици од различни одделенија и на возраст до 14 години, кои патувале кон Основното училиште Гоце Делчев во Демир Хисар, се здобиле со лесни телесни повреди. Од битолската клиничка болница велат дека по прегледите, кај дел биле констатирани набиеници по телото, но бидејќи не станувало збор за животнозагрозувачки повреди, биле пуштени на домашно лекување. На лекување во болницата е задржан возачот на комбето. Средовечниот демирхисарец со комбето разнесувал леб од пекара од Битола, а во сообраќајната несреќа се здобил со фрактура на карлицата и скршеници на двете нозе, додека шоферот на автѕобусот кој ги превезувал учениците има полесни телесни повреди и е пуштен на домашно лекување.

 

Visits: 105

Posted in Несреќи при работа.