Во Крива Паланка 19-годишник натепал полицаец

 Денеска по полноќ во Крива Паланка на улица „Свети Јоаким Осоговски”, пред угостителски објект во обид за контрола на угостителски објект и проверка на идентитет на лица, полицаец бил нападнат од С.Ѓ. (19) од село Конопница.

Полицаецот добил повреди во пределот на стомакот и гребнатини на левата рака и устата. С.Ѓ. бил приведен и истиот е задржан во полициска станица по овластување на јавен обвинител до целосното расчистување на случајот и поднесување на соодветна пријава.

Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/vo-kriva-palanka-19-godishnik-natepal-policaec

Posted in Несреќи при работа.