Еднодневен семинар: ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ

ПОКАНА

Еднодневен семинар:
ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ
ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ
(Намалување на ризици од влијанието на азбестот во работната средина)
18 декември 2017 година
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, зголемување на капацитетите на правните субјекти во областа на безбедноста и здравјето при работа, притоа следејќи ги промените и дополнувањата во Законот за безбедност и здравје при работа, Стопанската комора на Македонија на 18 декември 2017 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: ПРОФЕСИОНАЛЕН РИЗИК И ПРИНЦИПИ НА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА КАЈ РАБОТНИЦИ ИЗЛОЖЕНИ НА АЗБЕСТ (намалување на ризици од влијанието на азбестот во работната средина).
Азбестите материјали се наоѓаат во секојдневното опкружување, многу често во индустрискиот или во комуналниот отпад. Според податоците изнесени во Монографијата 100С на Меѓународната агенција за истражување на ракот (International Agency for Research on Cancer – IARC), сите видови азбест, вклучувајќи го и кризотилот, се докажани предизвикувачи на рак на белите дробови, мезотелиом на плеврата, како и за рак на гркланот и јајчниците. Азбестот е најважниот професионален канцероген агенс, односно се проценува дека околу половина од сите професионални малигни тумори се должат на изложеност на азбест.
Целта на семинарот е зголемување на свесноста за здравствените ризици поврзани со професионална експозиција на азбестот, утврдување на изворите на изложеност, професионален ризик, мерки за заштита кај експонираните работници, запознавање со ефектите врз здравјето кај работниците професионално изложени на азбест.

ПРОГРАМА

  1. Како да се зголеми свесноста за здраствените ризици поврзани со професионалната експозиција на азбест?
    Презентер: проф.д-р Јованка Караџинска- Бислимовска
  2. Извори на изложеност на азбест, професионален ризик и мерки за заштита кај експонираните работници
    Презентер: научен соработник д-р Драган Мијакоски.
  3. Ефекти врз здравјето кај работници професионално изложени на азбест
    Презентер: проф. д-р Јордан Минов
  4. Националното законодавство поврзано со професионална експозиција на азбест
    Презентер: научен соработник д-р Сашо Столески
  5. Дискусија.

Презентери на семинарот се професори и научни соработници, доктори по медицина на труд од Институтот за медицина на трудот на Р. Македонија. Кој претставува врвна институција од областа на медицината на трудот во национални рамки, Колаборативен центар на СЗО за медицина на трудот и Европски колаборативен центар на GA2LEN (Global Allergy and Asthma European Network) со обврски на меѓународно ниво, чија функција се темели на интеграција на здравствената, стручно-методолошката, наставната и научно-истражувачката дејност.
Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: – работен материјал; – ручек и освежување; – сертификат за присуство на семинарот.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 11 декември 2017 година.

Во прилог:

Покана

Програма Азбест

Hits: 25

Posted in Обуки.