Повреден работник, паднал од камион

На 12 декември во 17.30 часот од Ургентен центар – Мајка Тереза било пријавено дека кај нив било донесено повреден Д.Б.(35) од скопското село Зелениково, скопско, вработен во фирмата “Техно Павер”.

Истиот ден околу 16.15 во кругот на фирмата додека се качувал на камион тој се лизнал и паднал на грб, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар за укажување на лекарска помош каде што му биле констатирани тешки телесни повреди, по што бил задржан за понатамошно лекување.

Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/povreden-rabotnik-padnal-od-kamion

Hits: 10

Posted in Несреќи при работа.