Наставничка физички нападната на час

Четириесет и осум годишната А.Е. вчера пријавила во полиција дека била физички нападната додека одржувала настава во основното училиште во село Батинци.

Од полицијата информираат дека во кабинетот дошол А.Ј.(58) и почнал да ја навредува со погрдни зборови, а потоа и физички ја нападнал удирајќи ја со шлаканица по лицето, од кој истата се здобила со видливи повреди-оток под десното око и модринка.Неофицијално, наставничката била нападната од дедо на ученик поради недоразбирања.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Visits: 77

Posted in Несреќи при работа.