Работник падна од скеле во Центар

Работник е повреден откако попладнево паднал од скеле на улицата „Максим Горки“ во Центар.

Неофицијално лицето работело на една од зградите лоцирана на улицата.

Од МВР за Курир потврдуваат дека случајот кај нив е пријавен од Ургентен центар од каде истакнале дека кај нив е донесено повредено лице по пад од скеле во централното градско подрачје.

Засега нема информации за здравствената состојба на работникот.

Извор: http://vesti.mk/read/news/14787462/5119746/rabotnik-padna-od-skele-vo-centar

Posted in Несреќи при работа.