Повик за ангажирање на домашен консултант за изработка на студија

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) за потребите на проектот: „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог со државните институции” број на договор Според договор за грант 2015/370-380 финансиран од Европската Комисија, објавува ПОВИК за изразување интерес за ангажирање на домашен консултант за изработка на студија за безбедност и здравје при работа, работните услови, имплементација на ЕУ директивата (89/391/ЕЕС) и вклучување на Граѓанските организации во креирањето на политики во република Македонија.
Процедура за аплицирање и потребните критериуми се назначени во повикот и описот за изработка на студијата.

Уредно пополнетата документација да се достави најдоцна до 16:00 часот на 22.01.2018 година.

Ненавремена, нецелосна и некомплетна документација нема да биде разгледана.

Со почит,
Македонско здружение за заштита при работа
Проект: „Зголемување на капацитетите и зајакнување на улогата на регионалните граѓански организации за подобрување на работните услови и дијалог со државните институции”

Тор за студија

Aнекс_5.4

Aнекс_5.6

Visits: 133

Posted in Новости, Огласи.