Професионални кожни болести и изложеност на кожата во Европската унија (ЕУ-25): преглед на политиката и практиката

Кожните болести се едни од најважните видливи ризици кои се однесуваат на широката употреба и изложеност на хемикалии [65]. Кожата е најголем орган на телото и покрај тоа што е изложена на хемикалии, изложена е и на физички и биолошки ризик фактори. Сепак, не постои научен метод за мерење на резултатите од изложеноста на телото на ризици преку контакт со кожата. Според тоа, не се воспоставени никакви стандарди за изложеност на кожата. Поради тоа уште поважно е да се препознаат ризик факторите и да се развијат методи за нивна проценка и контрола. Во овој извештај се настојува колку е можно повеќе да се даде преглед на изложеноста на кожата, кожните болести и главните политики кои се однесуваат на признавање и евидентирање на кожни болести. Воедно ќе биде испитана состојбата во однос на признавањето, проценката и контролата на изложеноста на кожата на хемиски, биолошки и физички ризик фактори (вклучувајќи ултравиолетово зрачење и вибрации) во Европската унија (ЕУ-25) (Поглавја 2 до 6). Извештајот завршува со одредени предизвици, можности и препораки (Поглавје 7).

Професионални кожни болести и изложеност на кожата во Европската унија (ЕУ-25): преглед на политиката и практиката

Posted in EU OSHA, Публикации.