Проценка, елиминирање и значително намалување на професионалните ризици

Секому му е важно да ги зачува безбедноста и здравјето на работниците. И повеќето несреќи и болести поврзани со работата може да се спречат. Но како? Проценката на ризиците е првиот чекор.
Проценката на ризиците е почетокот на процесот за управување со ризици. Таа им овозможува на вработените да ја разберат активноста која треба да ја преземат за да ги подобрат безбедноста и здравјето на работното место, како и продуктивноста.

Проценката на ризиците е темелот на европскиот пристап кон безбедноста и здравјето при работа и постојат добри причини за ова. Доколку ризиците не се оценуваат или не се решаваат правилно, не може да се отпочне соодветен процес за управување со ризици и најверојатно нема да се воспостават соодветни превентивни мерки. Затоа систематската проценка на ризиците ги подобрува безбедноста и здравјето на работното место и деловното постигнување воопшто.

Проценка, елиминирање и значително намалување на професионалните ризици

Visits: 314

Posted in EU OSHA, Публикации.