Oглас за ангажирање на 1 (едно) лице за работна позиција Проектен службеник.

Почитувани,

Македонското здружение за заштита при работа ( МЗЗПР) во рамките на проектот ““Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и  донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ””, со број на договор IPA/2017/391-843 финансиран од Европската Унија  објавува:

Oглас за ангажирање на 1 (едно) лице за работна позиција Проектен службеник, со времетраење од 28.5 месеци.

Потребни квалификации:

  1. Универзитетска диплома (предност имаат насоки во областа на менаџмент и завршени постдипломски или докторски студии);
  2. Работно искуство во граѓанскиот сектор;
  3. Одлични менаџерски и координациски способности;
  4. Работа со строго определени рокови;
  5. Одлични способности за пишување (извештаи, дописи и сл.)
  6. Познавање на Македонската регулатива за Безбедноста и здравјето при работа;
  7. Познавање од областа на Безбедноста и здравјето при работа (предност имаат лица со научно-истражувачки активности во областа)
  8. Одлично познавање на англиски јазик;
  9. Владеење на MS Office;

Заинтересираните кандидати треба да достават писмо за изразување на интерес и кратка биографија најдоцна до 10/01/2018 на e-mail: kontakt@mzzpr.org.mk или во архивата на МЗЗПР на Ул.Востаничка 2/7 1000 Скопје

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Ненавремена, нецелосна, некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.

Со почит,

Македонско здружение за заштита при работа

TOR Project Officer

Visits: 98

Posted in Новости, Огласи.