СЕ ОДРЖА РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА МЗЗПР

СЕ ОДРЖА РЕДОВНО ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА МЗЗПР

Вчера Македонското здружение за заштита при работа одржа редовно годишно собрание, каде присутни беа редовните, колективните и придружните членови.
Беа споделни реализираните активности за 2017 година, финансиски извештај за 2017 година, како и планирани идни акции.
Исто така, ова собрание беше изборно, господинот Милан Петковски повторно едногласно доби четиригодишен мандат како претседател на здружението, додека за членови на Управниот одбор беа избрани: Милан Петковски, Даниела Индова, Мирко Грковски, Петар Наумовски и Маријан Прокоповски.

„Како професионално организација не делуваме ad hoc, туку насочено, стратегиски. Поради тоа се должат и нашите успеси. Горд сум што Македонското здружение не само како организација туку и поради „производите“ кои ги имаме, успеваме да го направиме бренд во оваа област. Следен предизвик ќе ни биде продлабочување на регионалната соработка. Колку повеќе е присутен нашиот глас, двојно повеќе ќе има уши што ќе ги слушнат нашите зборови, особено инжинерскиот професионален глас“- истакна претседателот на МЗЗПР, Милан Петковски.
Членовите на Управниот одбор изјавија дека се многу задоволни од досегашната работа на здружението. Исто, тие сметаат дека МЗЗПР со сигурност ќе ги исполни предвидените активности за 2018 година, и дека и понатаму ќе следи нивна подршка.

 

Visits: 79

Posted in Новости.