Тешко повреден тракторист кај с. Цера – М.Каменица

65-годишен возач на трактор од Македонска Каменица од синоќа е со тешка фрактура на клучната коска и повреди на градниот кош. Несреќата се случила на патот од селото Цера кон Македонска Каменица, кога трактористот изгубил контрола при возењето и паднал, а тракторот продолжил со движење. За среќа, на патот немало ниту други возила ниту пешаци, па се завршило само со повреди само на возачот. Со оглед на тежината на повредите, 65-годишниот возач П.С. е префрлен во медицинскиот центар во Штип, а веднаш потоа транспортитан и до ургентниот центар во Скопје. Иако неговите повреди се тешки, лекарите се убедени дека тој не е во животна опасност.

Извор: http://www.televizijastar.com/2018/01/05/

Visits: 92

Posted in Несреќи при работа.