ОБУКА – Нов пристап – нова филозофија за БЗР, профил на стручно лице за безбедност, лобирање и застапување

Согласно доделеното одобрение за спроведување на обуки за стручно усовршување на стручни лица за безбедност при работа со број 08-3608/34 од 15.09.2015 година од страна на Министерството за труд и социјална политика, Македонското здружение за заштита при работа, Македонски ILO/CIS Колаборативен центар, организира обука на тема: Нов пристап – нова филозофија за БЗР, профил на стручно лице за безбедност, лобирање и застапување.

Обуката е составена од два дела: теоретски и практичен дел ( вежба ).

Целта на оваа обука е пренесување на знаења и вештини за дисеминација (размена на добра пракса) на професионалците од областа на БЗР, работодавачите и претставниците на вработените како и други заинтересирани страни кои се активни во полето на безбедноста и здравјето при работа, преку презентирање на модулите за БЗР кои се изготвени од еминентни експерти по БЗР и ревидирани од страна на ЕУ институции за обуки по БЗР.

Предавачи:
-Марио Вељковиќ, магистер по стратешки менаџмент
– Д-р. Агим Шаќири, професор по трудово право

Датум: 01-02.Февруари 2018 год.
Локација: х. Скардус, Попова Шапка – Тетово

За дополнителни информации контактирате не на:
е-маил: training@mzzpr.org.mk
контакт телефони: 02/ 2774-868 или 075/432-071.

ПОКАНА ОБУКА

 

Posted in Новости, Обуки.