Градежен работник од Гостивар починал откако негов колега го прегазил со камион

Работник во гостиварска фирма загинал вчера на локалниот пат за село Падалиште (Гостиварско) во несреќен случај при градежни работи за изградба на термоцентрала.

Како што информираат од МВР, М.К. (67) од Гостивар бил удрен и прегазен од товарно возило марка „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од негов колега и вработен во истата фирма. Возачот не го забележал М.К. и го удрил со задниот дел од приколката по што тој паднал на земја, а потоа бил прегазен со задните тркала во пределот на нозете и починал на самото место.

Смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Гостивар. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар, во присуство на инспектор од трудова испекција. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извор: http://vesti.mk/read/news/14924394/5174538/gradezhen-rabotnik-od-gostivar-pochinal-otkako-negov-kolega-go-pregazil-so-kamion

Posted in Несреќи при работа.