Полицаец повреден откако бил претепан додека бил на должност

Полициската станица Гостивар поднесе кривична пријава против 32-годишниот Ф.Ф.од Гостивар, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело “напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Од МВР соопштуваат дека на 16.12.2017 година во 15:40 часот во Гостивар на улица “Седе Костоски“ пријавениот физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија од областа на сообраќајот, на тој начин што со тупаници го удрил оштетниот во пределот на градите, а потоа и со двете раце го фатил за униформата  т.е јакната влечејќи го и упатувајќи му пцовки и навредливи зборови при што му нанел телесни  повреди.

Извор: http://www.press24.mk/gostivar-policaec-povreden-otkako-bil-pretepan-dodeka-bil-na-dolzhnost

Visits: 100

Posted in Несреќи при работа.