Покана за студиско патување во Холандија од 12-16 март 2018 година – Ги поврзуваме луѓето и знаењето

 

 

 

 

Покана

за студиско патување во Холандија од 12-16 март 2018 година

Ги поврзуваме луѓето и знаењето

 

Почитувани,

Меѓународниот ден на жената првично наречен Меѓународен ден за работа на жените, се прославува на 8 март секоја година. Во различни региони, фокусот на прославата се движи од општа прослава за почит, ценење и љубов кон жените за нивните економски, политички и социјални достигнувања. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), како и со партнерите од Црна Гора, Албанија и Србија, Ве поканува на студиско патување за размена на искуство и добра пракса од областа на безбедноста и здравјето при работа, со посета на компании и истражувачки институт во Холандија.

Глобалната мрежа на богата и разновидна локална активност поврзува жени од целиот свет кои се движат од политички собири, бизнис конференции, владини активности и вмрежување на настани во текот на локалните занаетчиски пазари на жените, театарски претстави, модни ревии и многу повеќе. Многу глобални компании активно го поддржуваат Меѓународниот ден на жената со извршување на своите настани и кампањи.

Самиот факт дека историјатот на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената е поврзан со името на Клара Цеткин (1857–1933 година) од Германија, беше доволен предизвик за организирање и реализација на настан од овој тип кој е наменет за припадничките на понежниот пол, жените – работнички, жените – инженери, жените –  лидери, жените – менаџери и сите мајки кои го имаат завршено својот работен век   – пензионерки.

Ова студиско патување првенствено е наменето за стекнување на знаење и поврзување на луѓето – професионалците од Балканот со претставници од земјите од  Европската унија.

Првата посета е предвидено да се реализира во „ТНО“ – независна истражувачка организација, чија цел е заедничко создавање на економска и општествена вредност во општеството. Тие се фокусираат на транзиции или промени во девет општествени теми, помеѓу кои е и безбедноста и здравјето при работа, нови знаења и технологии, информации, здрава животна средина, иновации во индустријата, енергија, стратешки анализи и политики и останато.

Секои четири години, „ТНО“ во тесна соработка со нивните засегнати страни, изготвуваат стратешки план кој опишува како ќе ја следат сопствената мисија. Овој план е нивен предлог за општеството. Стратегијата е одраз на трендовите што ги гледаат во општеството и технологијата. Во тесна соработка со своите засегнати страни дефинираат пет домени на кои се фокусирани. Тие се во согласност со предизвиците и амбициите на политиката за топ сектор и социјалните теми во Холандија и останатите земји од Европа. Повеќе информации на следниот линк: https://www.tno.nl/en/focus-areas/defence-safety-security/.

Втората работна посета ќе се реализира во Делфт – градот на порцеланот, со посета на фабрика за производство на познатиот порцелан и презентација на процесот на негово производство.

Работните посети ќе ги звршиме со посета на преубавото село Зансе Сханс (Zaanse Schans), познато по ветерници и обиколка на една ветерница, како и гратчето Волендам, познато по изработка на кломпи и сирење.

Покрај работната посета во Амстердам, ќе имате можност да се запознаете со најстариот дел на градот каде се наоѓа познатиот Де Вален или таканаречениот Red Light District и уште попознатите продавници за кафе, музејот „Хемп“, театарот „Каза Росо“, Хаг , Шевенинген, Ротердам, посета на градот Ден Хаг – седиште на кралското семејтво и холандската влада, Палатата на мирот.

Студиското патување ќе се реализира во периодот од 12.3.2018 година, тргнување во претпладневните часови, до 16.3.2018 година, враќање во попладневните часови.

АРАНЖМАН:

Сместување и превоз       
Цената за сместување во двокреветна соба, на база ноќевање со појадок, авион, трансфер од аеродром – хотел – аеродром, вклучени разгледи со водич, котизација за реализација на студиската посета по учесник изнесува 29.550 денари. За сместување во еднокреветна соба се доплаќа 4.960 денари.

 Во цената на аранжманот  е вклучено:

  • Aвионски превоз на наведената релација со вклучена аеродромска такса;
  • 4 ноќевања со појадок во хотел со 3*;
  • посета на „ТНО“ институтот за истражување;
  • посета на фабрика за порцелан;
  • посета на фабрика за изработка на кломпи;
  • разглед на Амстердам;
  • голема Холандска екскурзија
  • трансфер аеродром – хотел – аеродром.

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • патничко осигурување, влезници во културноисториските споменици и индивидуални факултативни трошоци.

(Плаќањето е по добиена про-фактура од страна на организаторот на Вашата електронска пошта).

За квалитетот на услугата и изборот на сместувањето е задолженa агенцијата „Пеликан“ – партнер од Холандија.

  • Краен рок за пријавување најдоцна до 31.01.2018 година, поради задржување на цената на авионскиот билет. Загарантирана цена за пријава и платена аконтација во висина од 23% од наведената сума.
  • По поминување на наведениот термин, постои можност за промена на цената на аранжманот во зависност од цената на чинење на авионскиот билет во моментот на закупување за планираната релација.

Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.

 

Контакт:

Славица Јанкова

Tелефон: 075 432 071

slavica.s@mzzpr.mk 

Елизабета А.Ефтимова     

Tелефон: 070 239 637
beti@mchamber.mk

 

 

 

 

 

 

 

Posted in Новости, Огласи.