Пожар во фабрика за чевли во Куманово: Повреден работник итно пренесен на скопските клиники

Вчера околу 11 часот и 55 минути во Куманово, во фабрика за чевли во помошната котлара за парно греење настанал пожар.

Од МВР велат дека од пожарот со изгореници се здобил 57- годишниот работникот М.В од Куманово.

Од страна на итна медицинска помош повредениот бил пренесен во Општа болница Куманово каде што му била укажана лекарска помош, но поради карактерот на повредите истиот е пренесен Клиники „Мајка Тереза“-КАРИЛ за понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.

http://press24.mk/pozhar-vo-fabrika-za-chevli-vo-kumanovo-povreden-rabotnik-itno-prenesen-na-skopskite-kliniki

Hits: 29

Posted in Несреќи при работа.