Водич за политики за минимална плата

Овој Водич за политики се надоврзува на постојните стандарди на труд, на најновиот глобален преглед на националните закони и практики што се преземаат во МОТ3, како и на долгогодишно искуство стекнато во контекст на соработка на МОТ со владите и социјалните партнери од целиот свет. Водичот ја одразува разновидноста на меѓународните практики и различни избори што може да се направат во зависност од националните приоритети и околности во земјата. Водичот не се обидува да промовира еден единствен модел за сите земји. Сепак, ги нагласува клучните принципи на добрата практика и дава примери за добрите и за лошите страни на различни опции за политики. Конечно, водичот нагласува и еден друг клучен принцип на ЦОР-партнерството. Кога станува збор за утврдувањето минимална плата, само социјалниот дијалог и колективното договарање можат да помогнат да се воспостави рамнотежа меѓу легитимните потреби и на работниците и на претпријатијата.

http://www.ilo.org/wcmsp5/groups/public/—europe/—ro-geneva/—sro-budapest/documents/publication/wcms_615999.pdf

 

Posted in Новости.