Судир на трактор и автомобил, еден тешко повреден

Вчера во 18.20 часот на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово на место викано „Љубински ливади” во атар на село Гиновци, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор ИМТ 539, без регистарски ознаки, управуван од С.В.(36) од село Радибуш и автомобил БМВ, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(39) од кривопаланечкото село Псача.

Во незгодата возачот на тракторот С.В. и сопатникот Г.Ѓ.(45) од кривопаланечкото село Конопница се пренесени во Здравствен дом Крива Паланка,  од каде Г.Ѓ. поради сериозноста на повредите е префрлен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Извор: https://www.mkd.mk/crna-hronika/sudir-na-traktor-i-avtomobil-eden-teshko-povreden-0

 

Posted in Несреќи при работа.