Иницијален информативен состанок, во рамки на проект

15. 02. 2018 Скопје

Денес во просториите на МЗЗПР се одржа иницијален информативен состанок, во рамки на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето на одлуки како подршка на државата во процесот на пристапување кон ЕУ” . Учесници на состанокот беа претставници од Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ), Сојуз на Синдикати на Македонија (ССМ), Конфедерација на слободни синдикати (КСС) и Заедница на заштитни друштва на Македонија (ЗАПОВИМ).
Состанокот беше искористен да се запознаат организациите со целите на акцијата како и да се информираат за можностите и начинот за нивната вклученост во спроведувањето на предвидените активностите.
Генерален заклучок од настанот е дека клучните актери заеднички ќе делуваат и активно ќе учествуваат во спроведувањето на реформите за безбедност и здравје при работа и постигнување на безбедни и продуктивни работни места.
Проектот се спроведува од Македоснко здружение за заштита при работа во партнерска соработка со Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи на Македонија.

Visits: 73

Posted in Новости.