Македонското здружение за заштита при работа- дел од Сингапурска мрежа на организации кои делуваат во областа на БЗР

Singapore Accord

Македонското здружение за заштита при работа – дел од Сингапурска мрежа на организации кои делуваат во областа на безбедноста и здравјето при работа.
Македонското здружение за заштита при работа, стана дел од Сингaпурска мрежа на организации кои делуваат во областа на безбедноста и здравјето при работа. Во друштво на 50 организации и 19 земји, но единствени од Балканот.
Сингапурскиот договор е повик за акција. Тоа е акција од страна на водечките организации од целиот свет за посветување на Глобалната визија за превенција преку усвојување на глобална рамка за пракса. Таквата рамка има за цел почитување на високите стандарди на компетентни професионалци за безбедност и здравје при работа и практичари во креирањето на побезбедни и поздрави работни места.
Управниот комитет на Сингапурскиот договор верува дека широкото партнерство на различни нивоа може да донесе поголем успех. Оттука, таа исто така се обидува да влијае на владите, работодавачите, организациите на вработените, обучувачите да се приклучат кон заедницата, да се посветат на овозможување на стандардите утврдени во рамката. Заедно можеме да ја трансформираме Визијата нула- од визија до реалност.
Според МОТ, повеќе од 2,3 милиони луѓе умираат годишно како резултат на несреќи при работа или болести поврзани со работата. Покрај тоа, годишно, 317 милиони несреќи се случуваат на работното место, што резултира со значителни човечки страдања и економско оптоварување проценето на 4% од Бруто домашниот производ.
Меѓу целите на МОТ е “да се создаде свест за димензиите и последиците од несреќи, повреди и болести поврзани со работата, да се стави безбедноста и здравјето на сите работници на меѓународната агенда и да се стимулира практична акција на сите нивоа”.
Камен темелник за подобрување на перформансите на безбедноста и здравјето на работното место и стимулирање на практични и ефективни превентивни активности е мрежа на компетентни и способни професионалци и практичари.
За една заедничка глобална рамка стане практика, таа треба да биде ефективна, да биде добро признаена и прифатена од професијата, владите и бизнисот.
Рамката, односно Сингапурскиот договор, обезбедува генерички насоки кои можеби ќе треба да се прилагодат и да се развијат подетално од секоја организација земајќи ги предвид разликите во регулативите, историите и културите, кои што се однесуваат на практиката на безбедност и здравје при работа.

  • Вклученоста во оваа мрежа подразбира:
    – Посветеност за подобрување на можностите за стручно оспособување и поефикасно создавање на побезбедни и поздрави работни места.
    – Посветеност на промовирање на користењето и прифаќањето на Рамката како заедничка платформа за развивање на способни и квалификувани професионалци и практичари во индустриските сектори.
    – Посветеност за користење на рамката за информирање во врска со подобрувањето на компетентноста и способноста на професијата, а со тоа и стандардите за безбедност и здравје при работа во целиот свет:
    – Развој на континуирани планови за професионален развој за обезбедување на спосoбност и компетентност;
    – Како здруженија на БЗР-во развојот на професионални образовни програми како репер за да се осигуриме дека нашите членови поседуваат релевантни и ажурирани вештини кои им овозможуваат компетентно и ефективно да ја преземат својата улога;
    – Регрутирање на персоналот за безбедност и здравје при работа и оценување на перформансите како основа за професионален развој;
    – Како едукатори за безбедност и здравје при работа – во развој и разгледување на програмите за безбедности и здравје при работа;
    – Како креатори на политики во владите и јавните власти – во развојот на легислатива или регулативи преку предлози;
    – Посветеност на континуирана соработка во развојот на глобалните стандарди, со цел подобрување на вештините и способностите на професионалците и практичарите на безбедност и здравје при работа, прилагодување на Рамката за задоволување на потребите на клучните засегнати страни низ целиот свет.

http://singaporeaccord.org/web/

 

Visits: 147

Posted in Новости.