Награди за добра пракса за здрави работни места

Последиците од изложеност на опасни супстанци може да имаат негативен ефект за квалитетот на животот на работниците или дури и да бидат фатални. Затоа е клучно за да се спречат таквите ризици на сите работни места – ниту еден сектор не е потполно ослободен од опасни материи. Кампањата која што ја спроведува Европската агенција за безбедност и здравје при работа- „Управување со опасни супстанци“ ја зголемува свесноста и обезбедува информации за тоа како да се спречат ризиците поврзани со нив.

Европската агенција за безбедност и здравје при работа, организира доделување награди за добра практика за здрави работни места. Наградите помагаат да се покажат придобивките од добрата пракса за безбедност и здравје на работното место, и служи како платформа за споделување и промовирање на добро практики низ цела Европа.

Наградите за добра практика 2018-19 е да се потенцираат водечки примери на организации кои активно управуваат со ризиците поврзани со опасни материи. Во ноември, 2019 година, ќе биде прогласувањето на победниците. Компаниите кои ќе добијат награда ќе бидат објавени широко распространети низ цела Европа и промовирани на страната на EU-OSHA. https://osha.europa.eu/en

Апликациите потребно е да бидат доставени до Македонското здружение за заштита при работа како focal point на Европската агенција за безбедност и здравје при работа на: kontakt@mzzpr.org.mk

Краен рок за пријавување е до: 20 oктомври 2018 год.

 

 

Повеќе инфо на:  https://osha.europa.eu/en/healthy-workplaces-campaigns/awards/good-practice-awards

 

 

Hits: 67

Posted in Новости.