Каменуван професионален војник во касарната „Страшо Пинџур“

Вчеравечер во 21.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека истиот ден околу 18.30 часот во скопското село Петровец во касарната „Страшо Пинџур” бил повреден професионален војник.

Додека војникот извршувал задачи на стражарското место кај хеликоптерското одделение, забележал три лица кои дошле со патничко возило.

Откако биле предупредени да се оддалечат од оградата од касарната бидејќи се работи за воен објект, лицата почнале да фрлаат со камења кон него, а потоа го напуштиле местото на настанот, соопшти МВР.

На С.М. му била укажана лекарска помош во Градската општа болница „8-ми Септември“ и е пуштен на домашно лекување.

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

Visits: 88

Posted in Несреќи при работа.