Камионџија загина вчера на регионалниот пат Плачковица – Штип

Камионџија загина вчера на регионалниот пат Плачковица – Штип, информираше МВР.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 14.15 часот пред крстосницата за село Козјак.
Тогаш Д.В.(65) од село Таринци управувајќи камион „Застава 621“ изгубил контрола над возилото, по што излетал од патот и удрил во дрво.

Од екипа на Итна медицинска помош било констатирно дека Д.В. починал на местото на настанот.
Увид е извршен од увидна екипа на СВР Штип и jавен обвинител.

https://daily.mk/vesti/kamion-izletal-patot-plachkovica-shtip-vozachot-zaginal-samoto?what=7646932

 

Hits: 19

Posted in Несреќи при работа.