Македонски камионџија загина по удар во столб на автопат во Германија

Во тешка сообраќајна несреќа на автопат во Германија утрово загина 29-годишен возач на камион од Македонија.

Несреќата се случила околу 6:50 часот на автопатот А44 во близина на Витен, а во правец кон Дортмунд, кога младиот возач од непознати причини излетал десно од патот и удрил во бетонски столб од надвозник. Тој загинал на местото на настанот, а неговото тело било заглавено во смачканата кабина, која од силата на ударот се поделила надолжно на два дела и притоа 25 тони тркала со жица и други метални делови се распрскале наоколу по коловозот.

Поради тоа што не било сигурно дека столбот не е оштетен од ударот, градежен инженер ја тестирал стабилноста на мостот, при што две од трите ленти биле затворени за сообраќај. Патот бил повторно пуштен во употреба околу 9:40 часот.

Полицијата ја процени материјалната штета на 150.000 евра.

Македонски камионџија загина по удар во столб на автопат во Германија

Hits: 17

Posted in Несреќи при работа.