Машина нагмечи работник во депонијата „Мегленци“

Околу 09 часот пријавено е дека во депонијата „Мегленци“, сопственост на Јавното претпријатие „Комуналец“, во Битола, 60-годишниот Р.П. од селото Лопатица, вработен како машинист на работна машина-багер, извршувајќи работни задачи се здобил со тешки телесни повреди.

Според пријавеното, додека Р.П. се обидувал да се качи во кабината од работната машина за да ја запре, а која во еден момент почнала да се движи наназад, подвижната гасеница му ја потфатила левата нога и го исфрлила зад машината.

Од страна на друг вработен Р.П. бил извлечен подалеку од машината.

Тој бил пренесен во Клиничката болница Битола каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

http://www.press24.mk/bizarna-nesrekja-na-veliki-chetvrtok-vo-makedonija-mashina-nagmechi-rabotnik

Hits: 15

Posted in Несреќи при работа.