Млад работник починал од струен удар

Вчера околу 13,00 часот во Скопје бил пријавено дека на улица „Герника“, додека се изведувале градежни работи (истовар на цигли од товарно возило со кран), се случила страшна несреќа.

Имено дел од кранот се заплеткал во жици со електричен напон, при што вработениот во градежна фирма, 21- годишниот Џ.В од село Морани-Скопје, кој стоел непосредно до кранот, починал како последица на струен удар, се вели во соопштението од полиција.

Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Со согласност на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата.

http://press24.mk/strashna-nesrekja-vo-skopje-mlad-rabotnik-pochinal-od-struen-udar

Hits: 17

Posted in Несреќи при работа.