Тракторист тешко повреден откако тракторот се превртел

Вчера околу 18,50 часот на место викано „Мечкина Јама“ атар на Ресен, И.М.(59) од Ресен, движејќи се по земјен пат со трактор “ИМТ 539 Фергусон“ со ресенски регистарски ознаки со приклучена машина (атомизер), во еден момент се превртел со тракторот.

 Со возило на Итна медицинска помош, И.М. бил префрлен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му била констатирана тешка телесна повреда. Извршен е увид на местото на настанот
Posted in Несреќи при работа.