Спроведена организациска проценка на шест организации, дел од Советот за БЗР

Во рамките на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ”, спроведуван од Македонското здружение за заштита при работа, во партнерство со Организација на работодавачи на Македонија и Сојуз на синдикати на Македонија, се спроведе организациска проценка/ самопроценка и анализа на состојбите во однос на Организацискиот капацитет и капацитетот за застапување на шест (6) клучни организации кои се дел од Советот за безбедност и здравје при работа и кои диреткно вклучени во креирањето политики и донесувањето на одлуки за безбедност и здравје при работа.

Резултатите од анализите се во насока на понатамошни активности за континуирано внатрешно подобрување на граѓанските органзиации и зголемување на нивното влијание при градењето на јавните политики. Добро е да се знае дека граѓанските организации кои се очите и ушите на граѓаните и заедницата може да имаат придонес во постигнувањето на реформи и голем удел кон евроатланските интреграции на нашата земја.

Насоките за понатамошен и континуиран развој на граѓанските организации се тематски определени во следниве области:

  1. Организациско јакнење (организациски менаџмент, стратешко планирање, оперативно планирање, организациско управување);
  2. Проектно работење (раководење со проектен циклус, мониторинг и евалуација);
  3. Лобирање и застапување;
  4. Финансиско, канцелариско и административно раководење.

 

Posted in Новости.