Одбележан 28 април „Светски ден за безбедност и здравје при работа“

“Македонското здружение за заштита при работа” како Колаборативен центар на Меѓународната организација на труд (ILO/CIS) традиционално го одбележа 28 април, Светски ден за безбедност и здравје при работа. Темата на овогодинешната кампања е насочена кон младите- „Подобрување на безбедноста и здравјето при работа и крај на детскиот труд”. Со цел потикнување на превентива култура, изминатиот период реализиравме повеќе инфо средби, посети во компании кои имплементираат добра пракса за безбедност и здравје при работа. Сето ова беше документирано со видео запис и објавено на трибината во Градска библиотека „Браќа Миладиновци”. Главни говорници беа средношколци од стручни училишта, претставници од студентски организации. Беа начнати следните теми:

– Koлку младите се запознаени со безбедност и здравје при работа?

– Колку често се среќаваат во образовниот процес?

– Кои се нивни предлози за подобрување на работните услови и зголемување на свесноста за важноста на безбедни и здрави работни места?

Генералниот заклучок беше дека потребна е едукација од најрана возраст, поголема застапеност во образовниот процес, да се организираат повеќе вакви дискусии каде ќе се говори за значењето на оваа област.

На крајот на настанот, на сите учесници им беа поделени благодарници за нивиот проактивен пристап, а на учениците кои учествуваа на медиа натпреварот на Светскиот конгрес за безбедност и здравје при работа во Сингапур, дипломи.

Традиционално, 10 пат по ред, беше објавен Годишен извештај за несреќи при работа. Податоците говорат, во Македонија во 2017 година се случиле 158 несреќи, од кои 24 се со фатален исход.

Продолжуваме понатака со нашата мисија- Да создадеме безбедни и здрави генерации.

Ја добивме подршката од медиумите за најава на настанот, за време на одржување, како и после тоа.

 

Visits: 226

Posted in ILO, Новости.