Трактор полн со патници се лизна во нива, има повредени

Полн трактор со луѓе се преврти, едно лице е тешко повредено. Како што информираат од МВР. вчера во 16,00 часот било пријавено дека на местото викано „Штолна“ атар на селото Дамјан на земјен пат од селото Погулево кон село Дамјан, С.Д.(83) од Радовиш управувајќи трактор „Фергусон 735“ се лизнал во нива. Лицата Д.В. (73), Д.А.(73) и Ѓ.Ѓ.(72), сите од Радовиш, кои се превезувале со тракторот, успеале да скокнат од тракторот. С.Д не успеал во тоа бидејќи му се заглавила ногата, и се здобил со повреди. Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар во Штип, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Извршен бил увид на местото на настанот.

https://sitel.com.mk/traktor-poln-so-patnici-se-lizna-vo-niva-ima-povredeni

Hits: 15

Posted in Несреќи при работа.