Градежник паднал од скеле во гостиварско

Работник паднал изведувајќи градежни работи во село Форини, гостиварско и се здобил со тешки телесни повреди.

Според СВР Тетово, синоќа околу 19 часот при демонтажа на градежно скеле, Ј.Ч.(38) од Чегране, вработен во фирмата која ги изведувала работите на објект, загубил контрола и паднал од последната платформа.

По укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар Гостивар, поради сериозноста на повредите тој бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила увидна екипа на Надворешната канцеларија за криминалитички работи Гостивар и инспектор за труд, безбедност и здравје.

Visits: 111

Posted in Несреќи при работа.