Дебата- 11 години примена на Законот за безбедност и здравје при работа

Последниот извештај на несреќи при работа за 2017 година, кој Македонското здружение за заштита при работа години наназад го изработува, потврдува дека сеуште се гине на работното место. Имено, во 2017 година, се случиле 24 смртни случаи, 24 семејства останале без својот член. Од тука произлезе потребата за организирање дебата каде што ќе ги бидат увидени слабостите во 11 годишната примена на Законот за безбедност и здравје при работа. Присутни беа претставници од: Mинистерство за труд и социјална политика, социјални партнери,  професори по трудово право, стручни лица за безбедност при работа итн.

Последните пет- шест години Законот за безбедност и здравје при работа истрпе 10 измени и дополнувања. Во оваа насока, Д-р Агим Шаќири, професор по трудово право, на самата дебата истакна дека од одредени измени произлегуваат потешкотии за нивно спроведување, од друга страна пак, со ревидирањето на Законот треба да се ослободи од многубројни одредби кои по својата природа и содржина уредуваат управна постапка.

Генерален заклучок кој што произлезе од учесниците на дебатата е дека повеќето измени во Законот за безбедност и здравје при работа не се применливи. Се чини како да се избегна од првичната цел на законот- потикнување на превентивна култура.

Од друга страна потребно е да нема различно толкување и да се овозможи применливост. Да се разгледаат особено одредени измени кои се дискриминаторски кон одредена целна група студенти, царина итн.

Да се размислува за ослободување на одредени облигации за микро и мали компании кои што не се подложни на големи ризици. Според организација на работодавачи кои имаат формирано работна група за анализа на законот, треба да се прави дистинкција помеѓу микро и мали компании, затоа што самата примена предвидува и трошоци.

Потребно е вклучување на безбедноста и здравје при работа во образовниот процес, минимум во средното образование со цел подигнување на јавната свест, зголемување на свесноста кај најмладите за можните ризици на работното место.

Според м-р Снежана Јанкова Петковска, стручно лице за безбедност при работа, и член на здружението, потребно е да се зајакне улогата и учеството на вработените во безбедноста и здравјето при работа на ниво на компанија.

Потребно е да се одржуваат редовни состаноци каде што самите тие ќе ги преточат идентификуваните можни ризици и опасности, ќе даваат предлози за нивно надминување. Тоа би било можно уредено преку одбори на ниво на компанија. Без информиран, консултиран, обучен и мотивиран работник  нема успешен правен субјект.

Анализа на примената на Законот за безбедност и здравје при работа, како и дадените предлог измени ќе бидат дел од расправите кои ќе се одвиваат во оваа насока.

Hits: 41

Posted in Новости.