Законoт за безбедност при работа не ги штити доволни работниците

Само во 2017 година, во Институтот за јавно здравје регистрирани се 1111 поврди на работници во текот на работното време. Од нив 134 завршиле со тешки повреди, а 24 лица го загубиле животот. За 11 години, Законот за безбедност при работа претрпел повеќе од 10 измени, за кои еден од неговите креатори, Агим Шакир оценува дека не можат да се спроведат во пракса. Според него, измените се фокусирани на административниот дел, а не на вистинската цел.

Тој додаде дека не е логично да се прават толку многу измени, а од нив да нема никаква корист. И професорот по право, Лазар Јовевски рече дека законот е преоптоварен со административни прашања и е нејасен. 

Од податоците на Државниот инспекторат за труд, во врска со бројот на поднесените тужби за оштета, може да се види дека во градежништвото се случуваат најмногу несреќи. Од Институтот за Јавно здравје велат дека бројот на повредени е поголем од оној што го покажуваат статистичките податоци, но често пати се случува работниците да не признаат дека повредите ги добиле на работа.

Според Весна Ристоска, од Здружението за безбедност и здравје, одговорноста за безбедност на работа треба да ја преземат работодавците, надлежните институции за надзор како и самите работници.

Сара Кајоли

Извор: https://tv21.tv/mk/?p=177444

Visits: 116

Posted in Новости.