Maкедонското здружение за заштита при работа дел од деветиот конгрес за безбедност и здравје при работа во Истанбул

 

Претседателот на Македонското здружение за заштита при работа, Милан Петковски, на 07 мај 2018 година присуствуваше на деветтиот Конгрес за безбедност и здравје при работа, кој се одржа во Истанбул. Мотото беше “Координација и соработка во областа на безбедноста и здравјето при работа”.

Главната цел беше да се разгледаат чекорите кои што можат да се преземат за подобрување на безбедноста и здравјето при работа на глобално ниво, преку споделување на информации меѓу државите и меѓународните организации.

Учесници беа претставници од Државни институции и невладини организации на Турција; Меѓународни организации за безбедност и здравје при работа, како што се EU-OSHA, ENETOSH, G20 EWG OSH NETWORK, OIC-OSHNET, PEROSH, ASEAN-OSHNET, ENSHPO, BALKAN OSHNET, Меѓународни засегнати страни во областа на БЗР, како што се МОТ, ICOH, WHO, ISSA, IALI, SESRIC, SMIIC.

Прашања кои беа начнати:

Дали е можно да се воспостави ново тело кое ќе обезбеди координација и соработка помеѓу организациите за безбедност и здравје при работа на глобално ниво?

Дали е можно да се развијат проекти со кои сите засегнати страни можат да соработуваат на глобално ниво?

Како да се споделат добрите практики помеѓу организациите?

Дали Меѓународната организација на труд може да обезбеди техничка поддршка во оваа Глобална иницијатива?

Претседателот на МЗЗПР во оваа насока се произлезе со иницијатива, да биде формирана веб страна, како еден вид генератор на новости од сите мрежи кои потоа ќе бидат споделувани и раширувани.

Оваа идеја наиде на особен прием од присутните и веројатно во следниот период ќе треба само да се доработи истата.

Исто така, од негова страна беше презентирана Балканската мрежа за безбедност и здравје при работа- за почетоците, од каде потикна инцијативата, кои се основните параметри на делување итн. Во своето излагање потценцираше дека главната мисија е размена на искуства и знаења на професионалците кои делуваат во оваа област, притоа без никакви политички влијанија.

Posted in EU OSHA FOP, Новости.