Повреден стјуард при турболенции при слетување на скопскиот аеродром

На 14.05.2018 година во 19.35 часот од Градската општа болница „Св. Наум Охридски” било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето 28 годишно лице од Скопје, вработен во авиокомпанија како стјуард.  Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека тој се повредил околу 18.05 часот во авионот. Авионот се подготвувал за слетување и влегол во турбуленции, при штои стјуардот паднал на подот и се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Извор: https://tera.mk

Visits: 105

Posted in Несреќи при работа.