Градежен работник падна од скеле од висина од 6,5 метри

На улицата „Едвард Кардељ“ во Струга, вчера 23-годишниот С.Ѓ. од село Велестово, охридско, при извршување на градежни работи  на куќа, паднал од скеле од висина од околу 6,5 метри и се здобил со тешки телесни повреди.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

https://press24.mk/nesrekja-vo-makedonija-gradezhen-rabotnik-padna-od-skele-od-visina-od-65-metri?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk

Posted in Несреќи при работа.