Тешко повреден работник, му паднала цигла на глава од 4 спрат

Околу 15:30 часот на ул. „ЈНА“ во Гостивар, во станбена зграда во изградба, при подигање на цигли со електрична дигалка од приземјето до четвртиот кат паднала една цигла која што го погодила по главата Д.П. од Република Албанија. Повредениот бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите со медицинско возило бил пренесен во Невролошката клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: https://media24.mk/2018/05/31

Posted in Несреќи при работа.